ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во вторник меѓувладина конференција за Македонија и Албанија

Во вторник меѓувладина конференција за Македонија и Албанија

Веста за изгласување на заклучоците поврзани со прговорите со Европската унија во Собранието ја поздрави и меѓународната заедница, вклучувајќи ја и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која пред неколку дена одржа говор пред пратениците во Собранието.

Advertisements

„Честитки до Северна Македонија за гласањето што сега го отвора патот за брзо отворање на преговорите за членство“, рече Урсула Фон Дер Лејен – претседателка на Европската комисија.

Брза беше и реакцијата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

“Денешното гласање во Собранието на Северна Македонија го отвора патот за одржување на првата меѓувладина конференција следната недела“, изјави Шарл Мишел- претседател на Европскиот совет.

Комесарот за проширување во Европската унија, Оливер Вархеји, на Твитер напиша дека со нетрпение го очекува почетокот на преговорите за членство, нагласувајќи дека земјата Северна Македонија е во Европската Унија.

„Го очекуваме отворањето на преговорите за членство со Северна Македонија во вторник додека се среќаваме на првата меѓувладина конференција во Брисел. Северна Македонија и припаѓа на ЕУ“, напиша Оливер Вархеји – Еврокомесар за проширување.

Германскиот канцелар Олаф Шолц пишува дека ќе бидат покрај Македонија на патот кон ЕУ.

„Го поздравувам гласањето на македонскиот парламент што го отвора патот за првите конференции за членство во Европската унија со Северна Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас во текот на целиот пат“, папиша Олаф Шолц- Германски канцелар.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, пишува дека ова е одлучувачки чекор на патот кон ЕУ за Албанија и Македонија.

„Во Северна Македонија, Парламентот гласаше за отворање на преговорите за членство, во корист на нашата заедничка европска иднина. Одлучувачки чекор на патот кон ЕУ за Албанија и Северна Македонија, во моментите кога мораме да бидеме заедно да се соочиме со заедничките предизвици”, напиша Жозеп Борел – Шеф за надворешна политика на ЕУ.

Преговорите за членство на Македонија и Албанија се очекува да започнат во исто време. Бугарија како земја-членка на ЕУ, повеќе од две години ставаше вето против почетокот на преговорите меѓу Скопје и Брисел, поради несогласувања во однос на јазикот и историјата./Alsat.mk

Еви Шкопи

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button