ВЕСТИРЕГИОН

Во Загреб уапсени директорот на ХРТ и поранешни соработници на Бандиќ

Најмалку пет лица се уапсени претпладнево во Загреб во голема акција на УСКОК и на полицијата која е сѐ уште во тек, јавуваат медиумите во Хрватска.

Advertisements

Меѓу уапсените има и лица познати во јавноста. Меѓу нив се спомнува генералниот директор на Хрватската радио телевизија (ХРТ), Казимир Бачиќ, како и возачите и соработници во администрацијата на долгогодишниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, кој почина неодамна.

Акцијата е поради сомнение за економски криминал за време на поранешната градска администрација во Загреб. Сè уште не е познато како точно генералниот директор на ХРТ бил вклучен во тоа.

Според хрватските медиуми, веројатно станува збор за акција која траела подолго време, така што истражителите веројатно тајно ги следеле и ги прислушувале осомничените подолго време.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button