
Утрово во Загреб паѓа снег. Како што јавуваат тамошните медиуми, снегот почнал да паѓа околу 7 часот наутро. но не се задржува на земја, а послаби врнежи има во Крапина и Копривница.
Во внатрешноста на Хрватска, според прогнозата на Хидрометеоролошкиот завод за денеска, ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, повремено со лапавица и снег, особено во ридско-планинските предели каде е можна потенка снежна покривка, јавуваат хрватските медиуми.
И за следните денови се прогнозираат врнежи, но главно од дожд, а за понеделник се вели дека ќе започне со мраз на повеќе делови. Потопли денови доаѓаат од вторник.