ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во завршна фаза е официјалната потрошувачка кошница за четиричлено семејство

Иако првично властите најавија  владина потрошувачка кошничка за тричлено семејство, одеднаш стана за четиричлено. Министерот за економија Бесар Дурмиши, вели дека со нивната кошничка ќе прават анализи на повеќе маркети каде што ќе се зема најповолната цена на производот  и сето тоа ќе биде објавено јавно.

Advertisements

„Од четиричлено семејство, колку им треба за едно семејство да троши за еден месец во делот на храната, во делот на пијалоците, во делот на облеката и така натака. Нашата потрошувачка кошничка ќе земе во предвид од три до пет маркети каде што ќе биде земена најповолната цена ќе биде превземена и таа ќе биде како податок додадена во потрошувачката кошничка“, вели Дурмиши.

Дурмиши вели дека чекаат уште еден извештај од Државниот пазарен инспекторат и врз основа на тоa ќе одлучат дали ќе има нови мерки за трговците.

„После 30ти јуни Државен пазарен инспекторат да ни достави уште едно известување врз основа на контролите направиме. Ако имаме девијантно однесување од страна на трговците односно енормно зголемување на цените додека да ги спроведеме, или додека да ги реализираме другите мерки ние одиме со овие краткорочни решенија, оти знаеме дека оние ги дадоа своите резултати како на пример во месец март, април и така натака“, додава Дурмиши.

Министерот за економија посочи дека пребројувањето на членовите на синдикатите е во завршна фаза и по завршувањето веднаш ќе се формира Економско социјален совет, каде ќе биде доставена владината потрошувачка кошничка. Тој додаде дека Министерството за економија ќе предложи, сите трговци и маркети да обележат на рафтовите кои производи се домашни, а кои се од увоз.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button