ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во завршна фаза преговорите за новата влада, не се откриваат имињата на министрите

Траат преговорите за учество во идната влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ, информираат за МИА претставници од политичките партии кои се дел од работните групи. Тие истакнуваат дека преговорите се во завршна фаза, но не ги откриваат имињата на новите министри. Посочуваат дека кога ќе го финишираат договорот, сите детали ќе и бидат соопштени на јавноста.

Advertisements

Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни. Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, како што информираа од нејзиниот Кабинет, идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада.

Членот на работната група од Коалицијата „Вреди“ Азир Алиу во кратка изјава за МИА соопшти дека очекува преговорите за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ да завршат во наредните 3-4 дена. Алиу не открива детали за разговорите туку само потенцира дека кога ќе завршат преговорите, целата јавност навремено ќе биде информирана со сите детали.

Од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија во писмена изјава за МИА велат дека преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во идната влада се во завршна фаза, но и тие не соопштуваат детали.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button