ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во завршна фаза реконструкцијата на основното училиште во кумановското село Умин дол

Привршува реконструкцијата на основното училиште „Карпош“ од кумановското село Умин дол, соопштија денеска надлежните од општината и од училиштето.

Advertisements

Објектот речиси целосно е саниран за потребите на основците од селата што гравитираат околу него.

-Во завршна фаза е проектот за реконструкција на училишна зграда во ООУ „Карпош“-село Умин Дол, со кој е опфатена реконструкција на кров, подови и тоалети, нови прозорци и врати, нова енергетско-ефикасна фасада и нов систем за греење, истакна кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Проектот опфати комплетна реконструкција на кровот, нова електрична инсталација, нов систем со парно затоплување, нова фасада, замена на прозорци и столарија, подови, санитарни јазли и делумно нов ентериер.

Реконструкцијата почна во јануари, годинава. Во ова училиште поради целосна реконструкција наставата се изведува онлајн. Претходно, претставниците од училиштето, Министерство за образование и наука и Сектор за образование при Општина Куманово ги потпишаа договорите за почнување на реконструкцијата која се реализира преку проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“ и со поддршка на општина Куманово.

Во училиштето настава на македонски наставен јазик следат 131 ученик од прво до деветто одделение. Училиштето има и едно подрачно училиште во соседното село Љубодраг, каде овој месец почна реконструкцијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button