ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во земјава над 2.000 пожари, а само 20 кривични пријави

Рекордни 2.058 пожари на отворен простор, регистрирал Центарот за управување со кризи од почетокот на јуни до денес. Колкава површина со шуми се изгорени, дополнително ќе се утврдува. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека треба многу повеќе да се работи на превенција, но и на откривање на сторителите, затоа што казните, вели, ќе го намалат бројот на пожари.

Advertisements

„..Работа на пожарникарите е да ги гаснат, а работа на МВР е да ги открива сторителите. Од страна на МВР се поднесни само 20 кривични пријави, потпалувачи на овие пожари…“, рече Ангелов.

Најголем дел од пожарите доаѓаат од стрништата кои ги палат земјоделците или поголемите приватни стопански субјекти кои стопанисуваат со поголеми земјоделски површини. Во справувањето со пожарите голема улога имаат и доброволните противпожарни друштва. Но, тие се соочуваат со сериозни проблеми во нивното функционирање, како што се со малиот број на волонтери, околу 200 на број и слабата опременост.

„Постојат само десеттина активни доброволни противпожарни друштва од кои само пет располагаат со опрема и со возила кои се соодветни за давање на такви интервенции. Споредбено со другите држави состојбата е застрашувачка. Опремата во ДПД, 90 посто е од донација. Се работи за странски донации“, рече Кирил Маихајлов, Доброволно противпожарно друштво Свети Николе.

Доброволците се жалат дека немаат поддршка од државните институции. За разлика од нашите 10-тина, во Словенија постојат 1.400 доброволни противпожарни бригади. Во Австрија пак, 99 проценти од пожарникарите се доброволци, а само 1 процент, професионалци. Добро стои и Хрватска, каде слично како и во Словенија, има околу 150.000 доброволци.

„..Треба да постои поголемо разбирање од локалната и централната власт за потребата, граѓаните да бидат заштитени на адекватен начин. Тоа никогаш нема да се постигне само со професионален пристап. Мора да има повеќе организации на локално ниво“, рече Стјепан Ковачек, експерт од Хрватска.

За разлика од Европа, каде доброволците имаат одредени бенефиции, доброволните пожарникари кај нас немаат никакви привилегии. Законот за пожарникарство е од 1968 година со мали измени од 2017 годиина. Власта сега највува нов систем за цивилна заштита, каде соодветно место ќе имале и доброволните друштва.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button