ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Во земјава нема активен случај на морбили, велат од Министерството за здравство

Во земјава нема потврден случај на морбили. Институтот за јавно здравје објави анализи на сомнителни случаи на деца кои имале слични симптоми на морбили, но негира дека имало позитивни резултати. По заболувањето на многу деца во овој период, се појавија сомневања дека морбилите оваа година може да се вратат како епидемија, но националниот координатор за имунизација Александра Грозданова рече дека нема место за паника, и дека единствен спас е навремена вакцинација.

Иако службите за имунизација беа отворени за време на пандемијата, имаше одредени проблеми кои придонесоа за намалување на стапката на редовна вакцинација за децата во текот на 2020 година. Националните просечни вредности во 2021 година покажуваат подобрување во однос на претходната година, но процентите од 70,4 % опфат за вакцинација против сипаници, рубеола и заушки сè уште е далеку од посакуваните 95% потребни за стекнување колективен имунитет.

„Бројот на деца кои бараат лекарска помош значително се зголеми овој месец. Во моментов имаме над 80% од капацитетот на болницата исполнет со деца, кои главно се лекуваат од пневмонија. Околу 100 деца дневно се прегледуваат амбулантски од сезонски вируси и други“, наведуваат од Детска клиника „КОЗЛЕ“ Скопје.

Според Светската здравствена организација, стотици илјади животи се спасени преку вакцинацијата против Ковид-19 само во европскиот регион.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button