ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во земјава регистрирани 116 случаи на повторна инфекција со Ковид-19

Според податоците на Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата, од февруари минатата година, во нашата земја се регистрирани 116 случаи на повторна инфекција со коронавирус, односно 116 лица дури и откако биле излекувани со Ковид-19 , се дијагностицираат по втор пат, пренесува Алсат.

Според информациите од ИЈЗ, реинфицираните лица се од сите возрасни групи, соодветно од возраст од 6 до возраст од 77 години, но возрасната група најпогодена од повторната инфекција, односно 93 случаи се над возраст од 30 години. Од сите случаи, 9 лица биле хоспитализирани, додека 44 примале домашна терапија. Од вкупно 116 повторно инфицирани лица, две починале. Жртвите се на возраст од 63 и 77 години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button