Водата од Свети Наум до Радожда е од прва класа и може да се користи за капење
Водата од Свети Наум до Радожда е од прва класа и може да се користи за капење

Во моментов, водата во Охридското езеро на потегот од Свети Наум до Радожда е од прва класа и може да се користи за капење. Но со зголемување на бројот на гости, со оптеретување на колекторскиот систем, честите дефекти, ваквата состојба може да се промени. Експертите предупредуваат дека институциите мора многу посериозно да се позанимаваат со заштита на езерото.
Примероците земени од 39 локации покажуваат дека во моментот водата во Охридското езеро на потегот од Свети Наум до Радожда е од прва класа и може да се користи за капење. Капалиштата на целото крајбрежје поради високите температури деновиве масовно се посетуваат. И понатаму најголем проблем претставуваат неколкуте реки кои се влеваат во езерото, каде микробиолошк водата е незадоволителен, а хемискиот квалитет е од трета класа.
„Благодарение на високата моќ на самопречистување на Охридското Езеро, не е бесконечна, сите примероци кои се земени 15 метри од брегот се со добар квалитет се со одличен квалитет.Сите се со од прва и еден примерок е од втора класа, но можат да се користат сите услови“, рече Сашо Точков-директор Центар за јавно здравје-Охрид.
Но со зголемување на бројот на гости, со оптеретување на колекторскиот систем, честите дефекти, ваквата состојба може да се промени во шпицот на сезоната во месеците јули и август.На некои места од езерото се уште нема ниту колекторски систем, па отпадната вода оди во езерото.
„Минатата година имавме деградација кај Радожда, Калишта во екот на сезоната во јули и август.Очекуваме и оваа година.Нема колекторски систем, фекалните и отпадните води од куќите и угостителските објекти, кои опслужуваат гости завршува во Охридското езеро.Делот кај Трпејца, онаму каде нема колекторски систем.Луѓето кои ги користат тие капалишта се жалат на одредени импликации, кожни промени и стомачни тегоби“, додаде Сашо Точков-директор Центар за јавно здравје-Охрид.
Точков предупредува дека институциите мора многу посериозно да се позанимаваат со заштита на езерото, бидејки тоа повеќе неможе да трпи притисок од загадување./Алсат.мк
Мики Трајковски