ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Водата во Тетово обоена и смрди, но можела да се пие!?

Покрај бојата, веќе два дена водата во Тетово има и необичен мирис. Ова се случува веќе шест години по ред на есен, особено кога лисјата почнуваат да паѓаат. Но и покрај ова, од Институтот за јавно здравје велат дека водата може да се консумира.

Advertisements

Од Институтот за јавно здравје во Тетово велат дека за да се елиминира оваа појава мора да се заштитат изворите.

Од завчера голем број жители на Тетово реагираа на силната миризба на водата, а од утринава поради гниењето на листовите кои паѓаат во изворот, водата ја смени и бојата.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button