МАКЕДОНИЈА

Водици одбележан без почитување на мерките против Ковид-19

Литургијата во Соборниот храм во Скопје за Водици започна како и обично, но во околности во кои никогаш досега не се празнувал. Во овој храм се опишани мерките и ограничувањата кои треба да се почитуваат против ширењето на корона вирусот. Но, не сите православни верници ги почитуваа истите. Не се одржуваше растојание, а маски носеа до моментот кога треба да вршат верски ритуали.

Advertisements

Бакнување на крстот од страна на повеќе луѓе претставува потенцијален ризик за ширење на Ковид-19. И покрај ограничувачките мерки, , денес полицијата остана со рацете во џеб. Граѓаните велат дека воопшто не се плашат од вирусот бидејќи ја имаат поддршката од Бога.

Крстот не беше фрлен во реката Вардар, а церемонијата симболично се одржа внатре во црквата. Ова за повеќето верници може да донесе лоша среќа во текот на оваа година. Но, во Охрид оваа церемонија ја изведоа самите граѓани, кои го фрлија крстот во езерото.  Полицијата ги казни сите кои се фрлија во вода.

Освен во Охрид, слични   ритуали со фрлање во вода имаше и во Струга и Битола. Во Струга на мостот на реката Дрим имаше собир на луѓе без никакво растојание. А во Битола крстото го  фрлија во базен. По централната церемонија на овој празник немаше официјален став зошто самите свештеници дозволија при делење на светата вода да има масовни собири на луѓето.

 

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button