МАКЕДОНИЈА

Водостојот на повеќето реки повисок од просечниот за март

Водостојот на повеќето реки во земјава денеска е повисок во однос на просекот за месец март, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Advertisements

Нивото на Вардар кај Јегуновце е за триесеттина сантиметри повисоко од просечното за овој период од годината и изнесува 138 сантиметри. Нивото на Вардар кај Велес е 110 сантиметри односно за 10 повисоко од просечното, а кај Демир Капија повеќе од 70 сантиметри повисоко од просекот и изнесува 264 сантиметри.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на Црн Дрим кај Ложани е 183 сантиметри и е за шесесеттина сантиметри над просечното ниво за март.

Нивоата на езерата се во рамки на мартовскиот просек, со исклучок на Дојранското каде нивото е за три сантиметри повисоко од просечното.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button