ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Водовод“ апелира скопјани разумно да ја трошат водата во летните горештини

Граѓаните во Град Скопје рационално да ја користат водата, апелира денеска скопското Јавно претпријатие „Водовод и канализација“.

Advertisements

Апелот, нагласуваат, доаѓа поради високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40 Целзиусови степени, но и поради нивните евиденции дека периодов е зголемена потрошувачката на вода.

„Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење базени, но и спречување злоупотреба преку диви приклучоци. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во Град Скопје“, велат од јавното претпријатие.

Оттаму потсетуваат дека дивите приклучоци за вода се противзаконски и ги повикуваат граѓаните, ако забележат такво нешто, да пријават.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button