ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Водовод“ Струга плаќа над 3.000 евра за кирија месечно!

Јавното претпријатие Водовод и канализација Струга за месечна кирија за просториите каде што се сместени плаќаат по 3.170 евра месечно. На денешната седница на Советот, некои до опозициските советници побараа одговорност за тоа, тврдејќи дека реалната месечна закупнина во станбениот објект е околу 200-300 евра.

Advertisements

„Или 28.000 евра за девет месеци. Општината да имаше барем малку чувство за претприемништво, тогаш само од наемнините коишто се наоѓаат во зградата на Фати, би можеле за четиригодишен мандат да изградат зграда, каде што ќе се сместени добар дел од овие јавни претпријатија…“ , вели Никола Кукунеш-советник од ВМРО ДПМНЕ.

„За киријата, јас ви давам предлог, кога општината ќе се префрли во стариот објект на училиштето, добро е Водовод-Проаква, да се префрли во сегашната зграда на општината и така нема да плаќате за кирија, односно ќе имате нула трошоци.“, вели Арѓент Аласани-советник од Алијанса на Албанците.

Одговорните во Водовод, велат дека станува збор за закуп на 468 квадрати.

„Станува збор за некој газда од Албанија, газда на целиот објект. Половина е на некој граѓанин од Струга, што не би сакал да го споменувам. Ако сакате после советот да дојдете и да видите. Во однос на киријата, тоа е договор кој јас го наследив. Не значи дека не сакам, дека не правам напор да го смениме тоа ,“ вели Дашмир Насуфи-директор на Водовод и канализација.

Инаку, високи кирии плаќа и Јавното претпријатие за паркинзи „Еко Струга“. Опозицијата неодамна обвини дека за простор од 65 квадрати, се плаќаат по 2.000 евра кирија месечно. Станува збор за истата зграда каде се наоѓа и „Водовод“.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button