Волонтери на Црвениот крст делат вода на граѓаните

Над 30 волонтери на Црвениот крст, им делеа вода на граѓаните кои беа излезени да ги извршуваат обврските на високите температури. Како што соопштија од Црвениот крст мобилните екипи ќе дежураат од 11 до 16 часот, низ повеќе делови на градот.
„Оваа акција е веќе четврти ден, ќе продолжам до четврток следната недела. Досега се поделени над 4.500 шишиња вода. Има 30 волонтери кои се на располагање на Црвениот крст, и ќе бидат на терен кога ќе има потреба за оваа активност за која зборуваме сега. Екипите ќе бидат на потег, ќе бидат присутни од 11 до 16 часот, тоа е период кој е потопол и поопасен, затоа се планира во тој период екипите да бидат на терен“, вели Арѓенд Ќилафи од Црвениот крст.
Граѓаните велат дека деновиве ќе консумираат повеќе вода и полесна храна, а надвор ќе излегуваат само ако имаат потреба.
Македонија во следните четири дена ќе биде во портокалова фаза поради високите температури кои се очекува да достигнат до 42 Целзиусови степени.
Мелихате Рустеми