ЕКОНОМИЈА

Волстрит благо порасна по четири дена пад

На Волстрит денеска берзанските индекси благо пораснаа, по четири дена пад, но тргувањето сѐ уште е претпазливо бидејќи инвеститорите стравуваат дека дополнителното зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка ќе предизвика рецесија. Dow Jones зајакна 0,28 отсто, на 32 847 поени, додека S&P 500 порасна за 0,10 отсто, на 3 821 поен, а индексот Nasdaq 0,01 отсто, на 10 547 поени.

Advertisements

Најголемата светска берза е под притисок од минатата среда, кога ФЕД соопшти дека каматните стапки би можеле да се зголемат на повисоки нивоа од очекуваното и да останат на тие нивоа подолго од очекуваното. Инвеститорите се надеваа дека американската централна банка ќе ја ублажи својата реторика за инфлацијата и каматните стапки поради намалувањето на инфлациските притисоци во САД во последните месеци, но тоа не се случи.

Како што ФЕД продолжува да ги зголемува каматните стапки, инвеститорите стравуваат дека економијата ќе западне во рецесија, па тргувањето е претпазливо.

Вчера берзанските индекси благо пораснаа, по четири дена нагло опаѓање, но расположението на пазарот се уште не е добро бидејќи макроекономските податоци укажуваат на забавување на економскиот раст, што значи дека под притисок ќе бидат и приходите на компаниите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button