ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вонреден увид во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Главниот обвинител Љупчо Коцевски ги испрати сите обвинители на вонреден увид во Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое го води обвинителот Ислам Абази. Целта на увидот, како што соопштија од Обвинителството, е да се следи досегашната работа и постапување на јавните обвинители. Овие постапки дојдоа по директните обвинувања на премиерот Мицкоски дека борбата против криминалот и корупцијата ја кочат одредени обвинители, кои се разболуваат кога треба да ги процесуираат овие предмети.

Шефот на владата Христијан Мицкоски, коментирајќи го „будењето од сон“ на Јавното обвинителство, денеска изјави дека нема намера да се меша во работата на органите на правдата, туку дека обвинителите треба да си ја вршат работата за која се платени од граѓаните.

Алсат ги праша владејачките и опозициските партии дали ќе поддржат евентуална иницијатива за интерпелација против Коцевски. Коалицијата ВЛЕН е подготвена да помогне во подобрувањето на правдата, вклучително и разрешувањето на Коцевски.

„Секако дека ќе ја поддржиме секоја иницијатива која е во насока на подобрување на условите и истрагите кои ќе помогнат да се санкионираат злоупотребите кои се случија во РСМ. Формата на разрешување секако ќе ги почитува законските правила и ќе бидеме поддржувачи на секоја иницијатива која ќе обезбеди подобра услуга за граѓаните“, вели Ријад Шаќири – пратеник на ВЛЕН.

-Дали ова значи и разрешување на главниот обвинител?

„Секако да“, додава тој.

Од СДСМ не одговорија конкретно дали ќе поддржат разрешување на Коцевски. Обвинуваат дека има притисок од извршната власт врз судството, а не сакаат да ги стават сите обвинители во ист кош бидејќи има и чесни обвинители.

Левица ќе одлучува врз објективни критериуми и не прифаќа политички договори.

Од Обвинителството најавуваат дека до крајот на годинава ќе има увид за постапувањето на одделението за меѓународна правна помош во ЈО и на канцеларијата за поврзаност со Европравда во Републичкото обвинителство.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button