Вонредна инспекција на Пулмологија покажа многу пропусти
Вонредна инспекција на Пулмологија покажа многу пропусти

За време на пандемијата на Клиниката за пулмологија не се знаело „кој пие, а кој плаќа“. Во извештајот од вонредната ревизорска инспекција во оваа клиника, констатирани се повеќе неправилности за текот на 2021 година. Овој извештај од Фондот за здравство му било доставено на Министерството и врз основа на него се очекува да се преземат евентуални дисциплински или казнени мерки. Според информациите на Алсат, станува збор за пропусти во дежурствата за време на пандемијата.
Во вонредниот надзорен извештај на Клиниката за пулмологија беа констатирани одредени неправилности поврзани со пропусти и некои административни прашања за кои беа направени отстапки во 2021 година. Но, директорот Дејан Докиќ не сакаше да се произнесе, затоа за појаснувања го овласти главниот болничар.
Главниот болничар тврди дека од документите што ги побарале инспекторите, донациите во периодот на пандемијата не биле цел на преглед, како што се шпекулираше во јавноста. Алсат го обезбеди списокот со донации, кога директорот Докиќ беше координатор за ковид-центарот на интерните клиники. Според документите, во периодот 2020-2021 година биле дадени 1.567 донации со вредност од над 12 милиони евра.
Од Дирекцијата велат дека ги поседуваат сите досиеја што и во кои одделенија доставиле, опрема за кислородна терапија, терапии, апарати и други медицински средства, но не сносат одговорност за примателите.
„Колку што имам информации досега, има некои технички пропусти што се однесува не до дежурствата, туку до некои графикони кои не се доволно пополнети. Подготвени сме во секое време да ја кажеме вистината, тоа беше таков период кога бевме максимално ангажирани за да го дадеме нашиот придонес и сè што е дадено и доделено е документирано“, рече Сабри Азири, главен болничар на Клиниката за пулмологија.
Сомнежи и во Инфективната клиника за можна злоупотреба на дежурствата и боледувањата на персоналот. Но, ниту директорката Милена Стевановиќ не не даде објаснување. Досега поради констатирани пропусти од функциите се збогуваа тројца директори.
Медицинскиот директор на онкологија Никола Васев по сведоштвата за злоупотреба на терапии против рак и некои други пропусти, потоа директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова за манипулации при земање дневници за дежурства, но и организацискиот директор на Педијатрија, Алајдин Мемеди.
Нему му беше констатирано зголемување на коефициентот на плата. Мемеди најави жалба до Управниот суд бидејќи според него, коефициентот му го зголемил претходниот директор, а тој го продолжил за 9 месеци додека ја извршувал оваа функција. За комплетирање на здравствениот мозаик остануваат финалните извештаи на уште 10 од 12 клиники./Alsat.mk
Аднан Ќаили