СВЕТ
Вонредна состојба во престолнината на Киргистан

Претседателот на Киргистан, Соронбај Женбеков, воведе вонредна состојба на територијата на Бишкек од 20:00 часот (16:00 часот по средноевропско време) до 8:00 часот изутрина.
Како што е наведено, вонредната состојба се воведува „поради ситуацијата, проследена со насилство и закани по животот и здравјето на луѓето, предизвикани од масовни немири и исклучиво во интерес на обезбедување заштита на животот и здравјето на граѓаните“.
Женбеков го назначи заменик министерот за полиција, Алмазбек Оролиев за командант на главниот град.
Вонредната состојба ќе овозможи армијата да се користи за да се спречат конфликтите и да се обезбеди ред во градот, се наведува во сооопштението.