
Екипите на Воска Спорт и Струга Трим Љум денес ќе го одиграат заостанатиот натпревар од четвртото коло во Првата Mакедонска Фудбалска лига (ПМФЛ). Домаќин ќе биде дебитантот во елитата, кој со последната објава на социјалните мрежи ја покажа својата хуманост.
Имено, од редовите на Воска Спорт најавија дека собраните средства од билетите во целост ќе бидат искористени за лекување на нивниот сограѓани Љуљзим Демирали, кој боледувал од тешка болест.
„Денес во нашиот прекрасен град Охрид ќе се одигра локалното дерби помеѓу Воска Спорт и Струга Трим Лум. Тоа ќе биде првпат да нашите тимови покрај езерото да играат меѓу себе еден официјален натпревар во ПМФЛ, а тоа е добра најава и за преполни трибини.
Пред сè, со ваков гест би му помогнале на нашиот сограѓанин, Љуљзим Демирали, кој боледува од тешка болест, па целиот приход од продажбата на билетите ќе биде посветен на него. На Љуљзим во овој момент му е потребна нашата помош, па ајде да се собереме што повеќе на трибините и да му помогнеме во овој тежок животен предизвик. Љуљзим е една силна личност, љубезен и сакан од сите, така да денес е наш ред да се собереме околу него и да му ја понудиме потребната поддршка“, се вели во објавата на Воска.
Натпреварот меѓу Воска Спорт и Струга започнува од 15:00 часот.