Возачките дозволи со старото државно име нема да може да се користат по 1 јануари
Возачките дозволи со старото државно име нема да може да се користат по 1 јануари

Од 1 јануари повеќе нема да важат возачките дозволи со старото државно име.
Останува само уште една недела до крајниот рок за замена на табличките на автомобилите.
До 31 декември е предвидениот рок за замена на возачките дозволи со новото уставно име, како и на автомобилските таблички. Според Министерството за внатрешни работи, досега над 800.000 граѓани ги замениле своите возачки дозволи со името Северна Македонија.
Граѓаните кои денеска ги сретнавме во близина на шалтерите на МВР велат дека со време ги замениле и возачките дозволи и автомобилските таблички со новото уставно име.
“Дојдов и за регистарските ознаки и за дозволата. Казната беше 100 евра, ја слушнав вчера на вести”рече еден граѓанин.
„Ние ги заменивме порано. Завршивме пред пет-шест месеци“, додаде друг граѓанин.
МВР ги повика сите граѓани кои се уште имаат возачки дозволи со старото уставно име да ги заменат пред истекот на рокот. Министерството за внатрешни работи информира дека сите простории на министерството и шалтерите на управните служби функционираат со полн капацитет за да ги опслужат граѓаните./Алсат.мк
Авни Тахири