Возачот кој ја прегази и ја исмрти младата Фросина Кулакова беше осуден на 12 години затвор
Возачот кој ја прегази и ја исмрти младата Фросина Кулакова беше осуден на 12 години затвор

Васил Јованов беше прогласен за виновен и осуден на 12 години затвор за смртта на младата Фросина Кулакова. Смртоносната несреќа се случила на 29 јануари пред полноќ, кога Јованов, возејќи под дејство на алкохол, без возачка дозвола, поминал на црвено светло и на пешачки премин и ја удрил Фросина Кулакова. Родителите на Кулаков го изразија својот револт. Откако ја слушна пресудата во Кривичниот суд, таткото на Фросина им се обрати на судиите со зборовите „мафија“ и ја напушти судницата.
Според таткото на Фросина, таквата казна е награда за Јованов.
Адвокатот на Јованов нагласува дека казната е сепак доста строга и не е во согласност со практиката на казнената политика во земјава.
Настанот предизвика бројни реакции и последователни протести за правда. Поради инцидентот, полициските власти спроведоа засилени мерки и активности во одреден временски период за казнување на сообраќајните прекршители./Алсат.мк
Суад Бајрами