ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Воздухот енормно загаден во повеќето градови во Македонија

Граѓаните во повеќето градови во земјава дишат загаден воздух. Алармот за високо загадување е ставен во Струмица, каде три дена по ред се надминува дозволениот праг на штетни честички. За ова Министерството за екологија даде одредени упатства за заштита на граѓаните.

Advertisements

„Интензивирање на вонредните контроли во инсталации со интегрирана еколошка А-дозвола, вонредната контрола на техничкото работење на автомобилите, особено на оние со дизел и нерегистрирани автомобили. Горењето во природа е забрането. Се препорачува сите правни субјекти да го реорганизираат своето работно време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17:00 часот. Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и културни активности во природа“, велат од Министерството за екологија.

Загаден е воздухот и во Тетово, додека Скопје и понатаму е на врвот на светската листа со загаден воздух. Денес е на седмото место во светот и на првото место во Европа со индекс на загаденост на воздухот. Мерењата покажуваат дека ПМ2,5 честичките се 85 микрограми на метар кубен, што е 17 пати повеќе од дозволената граница.

Граѓаните се жалат дека загадувањето на воздухот со години е истакнат проблем а надлежните институции само зборуваат и не преземаат ништо конкретно.

Властите во земјата честопати ветуваат дека ќе го решат загадувањето на воздухот, но досега сите преземени мерки не дадоа долгорочни резултати.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button