ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Воздухот во Тетово не е загаден, велат од Екологија, граѓаните негодуваат

По пожарот и црниот чад што го зафатија Тетово, воздухот денеска е позагаден од вчера. Загадувањето во утринските часови ја надмина дозволената стапка за околу 20 отсто и во текот на денот постојано се зголемува. Но, од Министерството за екологија велат дека воздухот не е загаден.

Advertisements

„Важно е граѓаните да знаат дека вредноста на квалитетот на воздухот засега е во нормала, но ќе бидеме во координација со градоначалникот да ги информираме граѓаните доколку има промена на квалитетот на воздухот“, рече Насер Нуредини, министер за екологија.

За разлика од Нуредини, жителите се жалат на тешко дишење и лоша миризба низ градот.

„Загадувањето се чувствува, но што да правиме, и денес има загадување. Го чувствувам загадувањето“…

„Воздухот денеска е многу загаден, носам маска и така се чувствува загадувањето…

„Загаден е, пече грлото. Оние кои седат во канцелариите велат добро е, но ние што излегуваме го чувствуваме тоа“, реагираат граѓаните.

Реагираа и од невладината „Еко Герила“. Бараат општината итно да се вклучи во чистење на улиците.

„Ова е повеќе од скандалозно. Имаме работа со целосно неодговорни институции. И ова доаѓа како резултат на неказнивост. Тетово вчера доживеа голема еколошка катастрофа, но тетовци како да стануваат имуни на пожари. Не се реагира правилно. Тука треба да се направи итен план бидејќи Тетово нема цистерни за миење улици – од цела Македонија да се носат цистерни и да се направи генерално чистење на улиците со прашина каде дишат децата. Со согорувањето на стиропорот се ослободуваат материи со канцерогени последици. Неверојатно е како се обидуваат да го релативизираат ова, во нормална состојба градот треба да се евакуира“, вели Нгадњим Мемети, „Еко Герила“.

Вчера, пожарникарите со часови се бореа да го изгаснат пожарот на поранешниот тутунски комбинат во Тетово.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button