Возило од обезбедувањето на Гаши излета кај Ново Село – тројца повредени

Тешка сообраќајна нсреќа се случила утрово пред Охрид, во близна на Ново Село во кое учествувало возило на обезбедувањето на собранискиот спикер Гаши.
Повредени се три лица кои се пренесени во болницата “Свети Еразмо”, се во добра здравствена состојба. Собранискиот спикер Гаши денеска е во работна посета на Охрид, каде е предвидено да оствари средба со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков и да ги посети канцелариите за контакт со граѓаните.
-На 06.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници. По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршија полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, стои во соопштението на МВР.