МАКЕДОНИЈА

Возилото на напаѓачите запалено кај Визбегово, нови информации за двојното убиство

Во близина на кафе барот Шиша бар, непознати лица пукале кон две лица кои починале на лице место. Убиени се Јетон Кривањева со прекар Жила и Енес Исени со прекар Лачи. Повредено е уште најмалку едно лице кое е пренесено во болница и кое било во друштво на убиените. Лицето, според првичните информации има сериозни повреди.

Advertisements

Според информации на Алсат, автомобилот со кој се превезувале убијците вечерва бил пронајден запален во Визбегово. Од МВР не соопштуваат дали имало и други гости во локалот каде се случил оружениот напад, ниту што е причина за нападот. Во соопштението од МВР пишува дека „во СВР Скопје вечерва во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Од МВР информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот“. Екипа на Алсат беше на местото на убиството. Местото го обезбедуваат неколку полициски екипи и пристапот е ограничен, зашто се уште трае увидот. Дали се работи за криминална пресметка допрва ќе се утврдува. Убиството се случило пред сведоци кои биле присутни во кафе барот, но и околните локали во чаршијата. Според неофицијални информации, во убиството учествувале повеќе од пет лица кои дошле со ауди. Дел од медиумите објавија и дека убијците наводно биле облечени во униформи, со фантомки на главата, но од полицијата нема потврда за овие информации. Повеќе детали најавија за утре.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button