Вознемирувачки податоци за деца корисници на дрога
Вознемирувачки податоци за деца корисници на дрога

Возрасната граница за деца кои користат разни видови дроги се намалува, додека овој феномен станува сè поголем и бара итен одговор од институциите. Ова го наведуваат од канцеларијата на Народниот правобранител, по спроведените анализи, каде што е утврдено дека најмладиот корисник на дрога во Македонија има 5 години. Земјава нема централизирана база на докази за децата како корисници на психотропни супстанции, но полициските податоци за годината 2023 до јуни 2024 година зборуваат за 130 деца корисници на дрога.
Заменик-народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа, истакна дека системот за превенција, рано откривање, лекување и рехабилитација на овие деца не е доволно развиен во земјата, а недостасува и меѓуинституционална соработка.
Народниот правобранител препорачува развој на национална програма за лекување и рехабилитација, подобрување на превентивните мерки, зголемување на институционалните капацитети, зајакнување на меѓуинституционалната соработка, законски измени и подобрување на законската рамка./Алсат.мк
Ајнур Бафќари