ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработени во УЈП ќе мора да го вратат покачувањето на платите

129 вработени во Управата за Јавни приходи ќе треба да вратат износот на покачувањето кое го добивале од февруари бидејќи на хартија добиле унапредување во даночни службеници, а во пракса и натаму вршеле административна дејност, утврдил Државниот инспекторат за труд.  Новата директорка на УЈП, Елена Петрова, објаснува дека вработените сега трпат последици поради несовесното постапување на претходната директорка.

Advertisements

„Јас сум соочена и треба да ја извршам наредбата на трудовиот инспекторат со која се наложува поништување на одлуката со која претходната директорка на УЈП во месец февруари ги откажа договорите за вработување на сите вработени во УЈП, а воедно им наредила да продолжат да работат до склучувањето на нови договори според новите интерни правилници. Поништувањето на оваа одлука сега значи поништување на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишувањето на изборите што има свое влијание и врз платите исплатени на одредени вработени“, вели Петрова.

Договорите пак кои биле склучени од февруари па наваму, а со кои вработените добиле унапредување и покачување на платите биле согласно интерни правилници на УЈП за кои согласност дало и Министерството за информатичко општество и администрација.

„Согласноста од Министерството општество и администрација за овие правилници била издадена врз основа на своевидна манипулација и вметнување на работни места во правилниците за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети. Уште повеќе, согласноста е издадена истиот ден, деветти феверуари кога министерот кој ја потпишал бил разрешен, што е морален и политички хазард“, додава Петрова.

Правилниците пак по кои работеле вработените од февруари па наваму, склучени во предизборен период се предмет на истрага и на антикорупционерите. Од друга страна, Петрова вели дека најголема жртва во оваа ситуација се вработените кои ќе треба да ја исплатат разликата во платата која што ја примиле, но рече дека во соработка со синдикалните организации ќе се обиде да изнајде решение . Вкупната шетат од фиктивното унапредување е во бруто износ од 18 милиони денари.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button