
Како резултат на интерниот колективен договор што беше постигнат во Управата за јавни приходи, над 900 вработени ќе добијат со зголемување од 30 отсто на бруто-платата веќе за јули. По најавите за протести и неколкумесечните преговори, Министерството за финансии се согласи ова зголемување на платите да го чини буџетот екстра 270 илјади евра месечно. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, рече дека ова зголемување на платите треба да биде дополнителна мотивација за подобри резултати.
Во меѓувреме, за целата 2024 година ова зголемување на платите буџетот ќе го оптовари за дополнителни 3,2 милиони евра. Во меѓувреме, годишиот регрес, познат како К-15, ветија дека ќе го покријат од сопствени приходи. Шефот на Синдикалната организација Солидарност, Васе Неданоски, рече дека овој договор следува по разговорите меѓу двете страни со специјален медијатор. Зголемувањето на платите било направено во согласност со членот 66 од Законот за буџет. Според него, растот ќе го намали нивото на корупција во УЈП.
Над 1.000 вработени од УЈП повторно ќе се израдуваат во септември со оглед на тоа што со Општиот колективен договор ќе имаат зголемување из а дополнителни 10 отсто на платата и К-15 од 10 илјади денари во декември. Повикувајќи се на оваа одредба, зголемување од 30% побараа и вработените во Царинската управа и Судската управа, кои најавија генерален штрајк од 1 септември ако барањето не им се исполни. Неофицијално, се дознава дека и Царината е блиску до договорот за зголемување од 30 отсто, кој се очекува да се официјализира со августовските плати.
Аднан Ќаили