ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Вработените од Финансии бараат да им остане повисоката плата за 30%

Вработените од Финансии бараат да им остане повисоката плата за 30%

Стотици вработени во три институции два часа протестираа пред Министерството за финансии. Но, ова е само предупредувачки револт за она што најавија дека ќе следи откако им беа запрени 30 отсто од платите. Околу 620 вработени од Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки и Управата за имотно-правни работи за декември нема да го добијат покачувањето од 30 отсто што го добиваа 11 месеци како што тогаш одлучи самиот министер Фатмир Бесими. Велат дека во наредните денови протестот ќе продолжи пред Уставниот суд кој се очекува по крајот на годината да одлучи за нивните плати.

Advertisements

Уставниот суд има три опции за постапување во овој случај: да им даде право на вработените да продолжат да земаат 30% од платите, докажувајќи дека одлуката е уставна; одлуката на министерот за зголемување на платите целосно да се укине како неуставна, па во тој случај вработените ќе треба да ги вратат добиените 30% за изминатите 11 месеци во државниот буџет; или да ја поништи одлуката, со што повеќе нема да ги земаат овие покачени плати.

На последната средба на синдикалците со надлежните се разговарало за можноста за склучување колективен договор во овој ресор за повторно да се врати исплатата на екстра 30 отсто на платите, вели Деановски.

Уставниот суд на 5 декември привремено ја суспендираше одлуката што произлегува од член 66 став 3 од Законот за буџет, а со која им се дозволуваше зголемување на платите за 30 отсто за овие три сектори. За уставноста на оваа одлука се очекува став од Собранието, бидејќи Уставниот суд всушност го оспори автентичното толкување на законодавниот дом. Според судот, спроведена е времена мерка до донесување конечна одлука, а рокот за усогласување со неа на Собранието е еден месец./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button