Вработените во 6 министерства и две државни институции на протест, бараат 30% повисоки плати
Вработените во 6 министерства и две државни институции на протест, бараат 30% повисоки плати

Вработените во дел од министерствата и во одредени државни институции од денеска до петок ќе протестираат затоа што зголемувањето на платите од 30 проценти не е одобрено. Тие бараат потпишување на колективните договори и изедначување на платите со административците во другите институции.
На протестот се приклучија и вработените во администрацијата на правосудните органи, Министерството за култура, правда, економија и труд, екологија, дигитална трансформација, транспорт и врски, Државниот завод за статистика и Државниот архив.
Деановски рече дека до четврток протести ќе има од 11 до 11:30 часот, пред секоја од горенаведените институции. Во петок сите заедно од 11 до 12 часот ќе протестираат пред Министерството за финансии. Запрашан за штрајкот во државното правобранителство кој почна минатата недела и дали има некакви резултати, првиот човек на Синдикатот на УПОЗ изјави дека наместо колективен договор добиле решенија за намалени плати./Alsat.mk
Мелихате Рустеми