Вработените во библиотеката во Тетово не сакаат да се преселат во други простории

Во овие простории се очекува да биде дислоцирана тетовската библиотека. Од простор од 156 квадратни метри во овие училници од 145 квадратни метри. Тука нема вентилација, а некои училници се и без прозорци и без тоалет.
Вработените во библиотеката велат дека овие тесни училници не ги исполнуваат ниту елементарните услови.
„Овој простор нема повеќе од 2,5 метри и нема да имаме воздух и за работниците и за книгите. Бидејќи Министерството веќе го планира ова, добро е да направат тим да дојдат да не посетат и да се види дали се исполнети условите за ние да бидеме префрлени таму. Ние не сме против дислокација, но нека бидат условите подобри, ако не, барем да имаме услови какви што ги имаме сега. Законот за библиотеки има правилник за тоа како се чуваат книгите на полици и колку треба да има циркулација на воздух, бидејќи на лето е топло а во зима ладно, и вработените да не се разболат од влага зашто книгите мирисаат. Насекаде во светот библиотеките се на посебни места, а не заедно со вработените. Ние сме единствени во Македонија што работиме на простор каде што ги имаме и книгите, и дневниот печат сe во едно. Тоа ни го уништи здравјето и знаеме што мака сме виделе под овие услови“, вели Махи Муртезани, вработен.
Проблем за вработените не е само просторот каде се чуваат книгите, туку и недостатокот на полици за над 50.000 книги и магацин за нивно чување.
Во прашина, уништени и од светлина и од влага, над 50.000 книги се чуваат во библиотеката во Тетово, во Домот за култура, но и во подрумот.
Пред една недела, Управниот Оддбор на библиотеката во Тетово одржа седница на која едногласно го отфрлија предлогот на Министерството за култура за дислокација на библиотеката во овие тесни простори. Но, од министерството за Алсат велат дека со евентуалната дислокација на библиотеката ќе се обезбеди поголем простор и подобри услови.. Според раководителите во Домот за културата во Тетово, во дописот до Министерството за култура, стои дека, во овие канцеларии каде што во моментов се наоѓа тетовската библиотека, ќе биде сместена канцеларијата на делегацијата на ЕУ.
Башким Сулејмани