ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во Државниот архив на Македонија работат во мувла и влага

Вработените во Државниот архив на Македонија работат во мувла и влага

Марјан Костовски три години работи како конзерватор во лабораторијата на државниот Архив на Македонија. Во моментов преку хемиски супстанци се обновува важен архивски материјал, со цел да се продолжи неговиот животен век за 10 или 20 години. Просторот каде што работи не ги исполнува минималните стандарди, нема вентилација, дури ниту прозорци за циркулација на воздухот, а тоа претставува ризик по здравјето. Поради оваа причина, Марјан и неговите колеги работат со отворена врата, а одвреме-навреме излегуваат на отворено или во други простории на објектот за чист воздух.

Advertisements

Во мувлосани и влажни простории секојдневните обврски ги извршуваат и работниците кои работат во секторот за заштита на архивскиот материјал. Звучи иронично, но документите што треба да се заштитат од мувла и влага се сместени токму во овие простории. Вработените се жалат дека имаат здравствени проблеми поради влагата што ја дишат секојдневно, додека одвреме-навреме се принудени да го дезинфицираат просторот.

На несоодветни услови за работа се жали и Дарин Ѓурчин, вработен како помлад соработник во Архивот. Тој е принуден да ја чисти прашината од архивските материјали во заеднички простор со неколку колеги во кој нема вентилација, бидејќи нема посебно место за чистење. Дополнителен проблем е покривот, чиј дел е застаклен.

Покрај лошите услови, работниците во Државниот архив земаат и мали плати. Според директорот, иако работат конкретна архивска работа, евидентирани се како обични административни службеници./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button