ВЕСТИЗДРАВСТВО

Вработените во фондот за здравство најавија штрајк доколку не добијат поголеми плати

Повторно се доведуваат во прашање услугите за граѓаните кои се осигурени од Фондот за здравство, како и платите на здравствените работници во Јавното здравство. Вработените во Фондот најавија дека од 1 јуни повторно ќе штрајкуваат. Бараат и целосно да се разреши Управниот одбор на Фондот и да се именува нов, бидејќи тројца од членовите се во пензија и им е истечен мандатот. Овој ист Управен одбор седницата на која требаше да одлучува за усогласување на платите на вработените ја одложи за по изборите, а тоа ги револтираше вработените повторно да протестираат, блокирајќи го патот пред нивниот главен објект во Скопје.

Фондот за здравство пред два месеца штрајкуваше поради заканата за намалување на платите за 21 отсто, но Владата одлучи да ги задржи непроменети, по што штрајкот беше прекинат. За време на последниот штрајк на вработените во Фондот, во февруари, шалтерите на Фондот за здравство не работеа два дена. Не се обработуваа барањата на пациентите за рехабилитација, за исплата на породилно, за заверка на ортопедски помагала, а не се пресметани платите за сите здравствени услуги, што влијаеше на доцнењето на платите во државното здравство. Граѓаните може да се соочат со истата блокада на услугите доколку до 1 јуни не се исполнат барањата на вработените во Фондот.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button