ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Вработените во градинките ќе добијат 15 отсто повисоки плати

Зголемување на платите на вработените во градинките за 15 отсто и нивен континуиран раст со секое зголемување на минималната плата е новината која е дел од колективниот договор што го потпишаа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

Со договорот се предвидува и зголемување на додатоците и надоместоците на плата и се зголемуваат правата на работниците за време на штрајк.

Со колективниот договор, исто така, се надминува проблемот со работното време на воспитувачите и негователите за реализирање на другите програмски активности во други просторни услови во установата или надвор од неа.

„Се обезбедува регрес за годишен одмор, четири часовно платено отсуство од работа во текот на месецот за извршување на итни, лични и неодложни потреби, се зголемуваат правата за слободни платени работни денови во текот на календарската година, се воведуваат јубилејни награди за работа во градинката“, се наведува во соопштението од Министерството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button