
Расте револтот на вработените во јавната администрација поради немање слух од страна на надлежните за раст на останатите плати согласно минималната велат од Кофедерацијата на слободни синдикати. По одржаниот протест претходната недела КСС, размислува за организирање на нови протести или генерални штрајкови од страна на вработените во полицијата, градежништвото, енергетиката, и транспортот.
Предлог измените на законот за административни службеници доставен до Собранието, од КСС обвинуваат дека е манипулација на власта, бидејќи со него платите ќе се зголемат за сто до 200 денари. Бараат зголемување на бодот за да може платите да се зголемат на сите вработени.
„Toj закон не носи ништо добро само по сто до двеста денари на платите на вработените во јавниот сектор. Решението е едноставно тоа е членот 88 од сегашниот закон кои што вика вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници се утврдува секоја година од страна на Владата. Членството по гранските синдикати кои што ги правиме се крајно разочарани бараат радикализација, радикализација која што веруваме во скоро време ќе стапиме во некој облик на синдикално здружување“, рече Благоја Ралповски, претседател на КСС.
Зголемување на бодот на сите категории на вработени во администрацијата бараат и од синдикатот на правосудството. Од УПОЗ најавија за утре и задутре двочасовен прекин на работата во судовите и други институции како предупредувачки протест со цел нивните барање да бидат исполнети.
Андреа Чобанова