ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во културните дејности излегоа на протест

Вработените во културните дејности се плашат дека власта има намера преку измени да го прекрши колективниот договор кој го регулира и покачувањето на платите, па денеска излегоа на протест пред Министерството за култура. На протестот синдикалците и СОНК рекоа дека вработените во култура биле ставени пред свршен чин и на сила им се доделувале индивидуално изготвени акти со кои им се регулира правото на зголемување на платата, спротивно на нивната волја и спротивно на колективниот договор во културата и општиот колективен договор за јавниот сектор. Од Министерството за култура ги уверуваат синдикатите и вработените во културата дека нема назадување во спроведувањето на Заклучокот на Владата за зголемување на основната плата во јавниот сектор за 10 проценти, што се однесува на целата држава. Имено, начинот на утврдување на основната бруто плата е утврден во Колективниот договор за култура, а со поединечни решенија за плата се утврдува само висината, секако зголемена за 10% согласно член 14 од Општиот колективен договор..

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button