ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во Македонска пошта работат во нехумани услови

Вработените во Македонска пошта работат во нехумани услови

Овој куп на писма ги чека вработените на Поштенскиот логистички центар во Скопје, кои од утринските часови ги евидентираат и организираат пратките, кои поштарите потоа мора да ги испратат до граѓаните на нивните адреси.

Advertisements

Државата не вложува ниту денар во дигитализација на процесот, што би му ја олеснила работата на Сенат Диздаревиќ, кој има 37-годишно искуство.Тој има порака:

„Некако оваа комплицирана работа да се модернизира ако може“, рече Сенат Диздаревиќ, работник.

Неговата колешка Сузана Јаневска потенцира дека просторот во кој работат е несоодветен за работа. Во

Поштата работи 35 години. Нејзините барања од државата се скромни, таа сака да има достоинствен амбиент за работа.

И Драшко Трајковски, кој 40 години е вработен во поштата, исто така го дели работниот простор со Сенат и Сузана, но неговата плата денес е минимална.

Ситуацијата е исто толку драматична и во Секторот од каде поштарите ги земаат пратките и ги испраќаат на одредени адреси. Овој простор, заборавен од државата, има таван направен од канцероген азбестен материјал, а инвентарот не е реновиран со децении.

Во отсуство на државни инвестиции, работниците носат столици од дома, кои, како што може да се види, се врзани со јажиња за да не можат да бидат украдени.
инсерти столици

Зоран Марковиќ, поштар со 35 години искуство, се жали дека тој и неговите колеги немаат униформи.

Неговиот колега, Ѓорге Игњатов, вели дека некогаш примал добра плата, но денес зема минимална и според него, тоа ги натерало младите да не сакаат да станат поштари.

Сепак, има и такви кои немаат друг избор.Таков е случајот со поштарот Горан Богоевски, кој работи со договор на дело 7 години, а од малата плата исплаќа пензиско и здравствено осигурување./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button