ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во Министерството за финансии бараат повисоки плати

Вработените во Министерството за финансии бараат повисоки плати

Околу 300 вработени во Министерството за финансии протестираа пред нивната ресорска зграда. Тврдат дека министерот и неговиот кабинет „готват“ форма на селективно зголемување на платите. Тие излегоа да го изразат својот револт, но полицијата веднаш ги предупреди организаторите дека протестот не бил пријавен во МВР и оти може да бидат казнети поради нарушување на редот и мирот.

Advertisements

Иако со одлука на Уставниот суд, исплатата на 30% повисоки плати беше прекината, со новата законска рамка, синдикалците велат дека додатокот од 30% ќе го добијат само привилегираните, некои 15%, но мнозинството вработени ќе останат без ништо. Бојан Трипуновски од УПОЗ најави дека доколку не се потпише колективниот договор, вработените во Министерството за финансии ќе штрајкуваат.

Синдикалците велат дека во буџетот за годинава се предвидени покачувања на платите за сите 550 вработени во Министерството за финансии, но и за оние во Управата за имотно-правни прашања и во

Вработените бараат да им се врати додатокот на плата од 30 отсто, кој го добија во 2023 година, а неодамна беше суспендиран од Уставниот суд. До тоа дојде откако во Уставниот суд беше поднесена претставка дека овие вработени ставени во привилегирана положба во однос на другите во јавниот сектор./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button