ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Вработените во Финансии на протести за покачените плати

Вработените во Финансии на протести за покачените плати

Вработените во Министерството за финансии вториот ден од штрајкот го одржаа пред Уставниот суд. Ним им се придружуваат и вработените од Бирото за јавни набавки и од Управата за имотно-правни работи, на кои им е одземено покачувањето на платата од 30 отсто, кое го добиваа 11 месеци по ред. Околу 620 вработени од овие три институции преку Синдикатот бараат да се сретнат со претседателката на Уставен. Тие бараат појаснување од Добрила Кацарска како е можно во рекордно време да им се суспендираат платите, а се уште да не се испитуваат иницијативите за платите на функционерите, вклучително и на уставните судии. Двочасовниот штрајк ќе продолжи секој ден до епилог, иако не може да се очекува разврска пред празниците.

 Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека никој од јавниот сектор нема да остане без плати.

„Одлуката е на Уставниот суд, кој е независна институција од извршната власт и ја почитуваме одлуката за привремена суспензија, но до конечна одлука не можеме да зборуваме за потпишување колективен договор во хипотетичка ситуација. Ние ги охрабруваме да го  изразат револтот доколку веруваат дека така ќе си ги остварат правата, нека го прават тоа според законот, но поради нивниот штрајк никој друг нема да остане без плата во јавниот сектор“,рече Фатмир Бесими, министер за финансии.

Уставниот суд има три опции за постапување во овој случај,  вработените да продолжат да земаат 30% од платите, целосно да се укине како неуставна одлуката на министерот за зголемување на платите, или да ја поништи одлуката.Уставниот суд на 5 декември привремено ја суспендираше одлуката што произлегува од член 66 став 3 од Законот за буџет, со која се дозволува зголемување на платите за 30 отсто за овие три сектори./алсат.мк

 

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button