Вработените во образованието не можат да ги уживаат придобивките од колективниот договор
Вработените во образованието не можат да ги уживаат придобивките од колективниот договор

Околу 30.000 работници во образованието сè уште не ги уживаат поволностите од Колективниот договор за основно и средно образование. Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, СОНК, Јаким Неделков за Алсат вели дека потпишувањето на договорот не може да се реализира бидејќи Министерството за труд и социјална политика не им дава решение за репрезентативност.
Со колективниот договор, меѓу другото, се предвидува зголемување на платите, доплата за превоз, зголемување на износот за К-15.
Колективниот договор беше постигнат пред една година меѓу Синдикатот и Министерството за образование. Но, ниту една точка не се спроведува бидејќи не е потпишана од СОНК и Министерството за образование. Пречка за тоа, според синдикатот е Министерството за труд кое сè уште не дава согласност за репрезентативност, иако тоа претходно веќе го направило со колективниот договор за вработените во градинките./Алсат.мк
Мелихате Рустеми