ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во обвинителската администрација го продолжуваат штрајкот

Администрацијата на Јавното обвинителство го продолжува штрајкот со барање за зголемување на платите од 78 отсто и враќање на зголемувањето на додатокот на плата од 35 отсто. Ја поздравуваат одлуката за формирање на работна група.

Advertisements

Синдикалците велат дека нема да прифатат пазарења и нема да се откажат од своите барања.

Владата одлучи во рок од 7 дена да формира работна група составена од министрите за финансии, информатичко општество и администрација, за правда, вицепремиерот за економски прашања, како и претставници на синдикатот на УПОЗ, со цел да се најде решение во врска со барањата на вработените во судот, јавното обвинителство и органите на државната управа.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button