ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Вработените во општина Тетово ќе земаат повисоки плати

Вработените во општина Тетово ќе земаат повисоки плати

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами, го прифати барањето на вработените за зголемување на нивните плати. Касами соопшти дека со новиот колективен договор, платата на работниците во општина Тетово кои се над 300 на број, линеарно ќе се зголеми за околу 2.800 денари. Касами рече дека главната цел на потпишувањето на овој договор е да им се помогне на работниците во време на криза и да се зголеми мотивираноста за работа.

„Им излегуваме во пресрет на потребите на работниците и нивните барања за подостоинствен живот во ова време на криза со кое сите се соочуваме. Со мотивирани и вреднувани вработени создаваме процес на работа што резултира со поефикасна и поквалитетна услуга за граѓаните на нашата општина“, рече Биљал Касами Градоначалник на Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button