Вработените во скопската Зоолошка на протест си ја побараа мартовската плата

Вработените во Зоолошката градина – Скопје денеска на паузата во текот на работниот ден излегоа на протест за да, како што велат, ја информираат јавноста дека сè уште немаат земено плата за март.
ие ги повикаа надлежените институции, Министерството за култура и туризам и Градот Скопје што побрзо да им се реши проблемот со исплатата на платата, поради кој од вчера околу педесеттината вработени немаат ниту здравствено осигурување.
Претседателот на синдикалната организација при скопската Зоолошка градина, Миле Таневски на прес-конференција пред новинарите изјави дека не знаат зошто Министерството сè уште не им исплатило плата, ниту каде е настанат проблемот.
Рече дека не обвинуваат никого, туку си ја бараат заслужената плата. Последната, како што кажа ја зеле пред 45 дена, поради што се наоѓаат во многу незавидна ситуација.