МАКЕДОНИЈА

Вработените во судовите, обвинителствата и затворската полиција по скратена постапка ќе добијат повисоки плати

Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција.

Advertisements

Законите ќе одат на матична собраниска комисија, по што по брза постапка ќе се вратат на конечно гласање во пленарната сала.

Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе земаат повисока плата за 15 отсто. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button