
Барањата на вработените во Царинската управа и Управата за јавни приходи, за зголемување на платите на 30 отсто ќе почекаат. Додека во УЈП со новиот преговарач беа побарани 20 дена за надминување на ситуацијата, директорот на Царина рече дека според колективниот договор треба да се отворат разговори за зголемување на платите. Стефан Богоев вели дека не знае колкава е неговата плата како директор на Царина, но не кажува дека ќе се откаже од зголемувањето од 78%, според барањето на синдикалците, до усогласувањето на платите во јавниот сектор.
Премиерот Ковачевски ја омекнува реториката. Повеќе не е потребна верификација на потеклото на богатството на оние кои најавуваат генерален штрајк во јавниот сектор. Тој вели дека приближувањето на ставовите за зголемување на платите треба да биде проследено со ефикасност и продуктивност на работа.
Во Социо-економскиот совет приближени се ставовите меѓу Владата и Синдикатот за зголемување на процентот на платите помеѓу 6-14%, првото е она што државата го нуди, а второто е она што синдикалните лидери го бараат. На почетокот на неделата се очекува да се одржи средба меѓу страните, а за кога најавија дека е можно да има договор за зголемување на платите, почнувајќи од септември и тренд на раст кој треба да се следи секоја година. По 30 месеци, да се применува методологијата за зголемување на платите во јавниот сектор, земајќи ја предвид просечната плата и коефициентот на работното место. Овие преговори го замрзнаа револтот на работниците, кои претходно предупредија на масовни протести и генерален штрајк.
Аднан Ќаили