ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Вработените во „Улици и патишта“ ќе ја донесат целата механизација пред Град Скопје

Поради неисплатени плати, вработените во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ најавија дека ќе штрајкуваат и своето незадоволство ќе го изразат носејќи на целата механизација пред просториите на Град Скопје.

Оттаму реагираат дека претпријатието, исто како и минатиот месец, се соочува со сериозни проблеми за исплата на платите на вработените. Наведуваат неколку причини за ваквата состојба.

Advertisements

Посочуваат оти ЈП „Улици и патишта“ има долг од 240 милиони денари кон добавувачите на материјали, што, како што наведуваат, е причина што тие не се испорачуваат. Додаваат оти претпријатието се соочува со недостиг на основни средства како нафта, ризла, тампон, рабници и слично.

„Неплаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат во сила наредниов период“, додаваат вработените од „Улици и патишта“ како причини за нивните неисплатени плати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button