ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во Зоолошката градина и во Град Скопјe не земале плата од март

Вработените во Зоолошката градина и во Град Скопјe не земале плата од март

Вработените во неколку институции сè уште не ги добиле своите плати. Меѓу нив се и околу 50 вработени во Зоолошката градина. Раководителот на Синдикатот на вработените во Зоолошката градина изјави дека тие се без плати од март, а од вчера останаа и без здравствено осигурување.

Advertisements

Во нивна поддршка излезе претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој рече дека покрај вработените во Зоолошката градина, без плати се и вработените во Град Скопјe.

Вчера, во реакција преку официјалната веб-страница, директорот на Зоолошката градина, Зоран Попов, го обвини Министерството за култура за проблемот со платите. Според него, тие добиле инструкции од министерството за незаконско пресметување на мартовската плата, што е спротивно на колективниот договор. Во меѓувреме, од Министерството за култура велат дека утрово добиле документација за плати на вработените во локалните институции кои се под надлежност на Град Скопјe и се во обработка за да бидат доставени до Министерството за финансии./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button