Вработувања, ниска застапеност на албанците, 21.7%
Вработувања, ниска застапеност на албанците, 21.7%

Врховниот суд, Кабинетот на Претседателството, Секретаријатот на Владата, Мепсо, се дел од државните институции кои не ги исполнуваат нормите утврдени со закон за вработување со правична и соодветна застапеност во јавниот сектор. Во годишниот извештај на Народниот правобранител за 2023 година, како дискриминаторска е претставена состојбата во Академијата на науките, каде од сите вработени има само еден Албанец и ниту еден од другите етнички заедници.
Зибери рече дека застапеноста на Албанците во јавниот сектор во текот на 2023 година изнесувала 21,7%, што според него е за 2,6% пониско во споредба со резидентното население.
„Застапеноста на Македонците во 2022 година во јавниот сектор е 71,9 отсто, додека во 2023 година е 71,6 отсто, што претставува намалување од 0,3 отсто, но треба да се напомене дека се уште е висока, односно е повисока за 13,16 отсто во однос на резидентното население. Застапеноста на Албанците во 2022 година била 21,4 отсто, додека оваа година е 21,7 отсто, што претставува зголемување од 0,3 отсто, но сепак е помала за 2,6 отсто во споредба со резидентното население“, рече Насер Зибери, Народен правобранител.
Застапеноста на турската етничка припадност во јавниот сектор опадна за 0,14 проценти во 2023 година, ромската етничка припадност се намали за 1,23 проценти, српската етничка припадност се зголеми за 0,1 проценти, а влашката заедница се зголеми за 0,13 проценти, додека бошњачката заедница се намали за 0,27 проценти. Додека вкупниот број на вработени во јавниот сектор за 2023 година е намален за 2.488 лица, за разлика од 2022 година кога вкупниот број на вработени изнесувал 130.377 лица, додека во 2023 година тој број изнесува 127.889 лица./Алсат.мк
Линда Ебиби